Загрозен крокодил на грбот носи повеќе од 100 младенчиња

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Индискиот фотограф Дритиман Мукерџи ја работи својата работа веќе 20 години. Тој е особено посветен на заштита на животните, а неговите фотографии привлекуваат огромно внимание.

Последни од фантастичните фотографии на Индиецот се оние на коишто крокодил од загрозен вид (Gavialis gangeticus) носи повеќе од 100 малечки на својот грб. Оваа фотографија стана голем хит на интернет.

Станува збор за тн. „гаријал“ – еден од најголемите видови крокодили во светот, познат по тоа што јаде риба. Видот е стар околу 4.000 години, а бројот на единки почна нагло да опаѓа во 1930-тите. Затоа, властите во 80-тите почнаа и програми за контролирано одгледување, со цел да се спречи истребувањето на овие ретки животни.

Познато е дека крокодилите ги носат своите младенчиња, а обично тоа го прават со уста, но „гаријалите“ ги носат своите малечки на грб.