Загрозен УНЕСКО статусот на Охрид?! Гир: Потребна е поддршка од сите политички сили

НАЈНОВИ ВЕСТИ

УНЕСКО загрижен поради опасноста која му се заканува на Охридското езеро, за тоа дали ќе биде ставен на листата на светско наследство. Извештајот на УНЕСКО со бројни забелешки кои не се спроведени последниве години, во врска со неуспехот во однос на дивоградбите, но исто така и за определени објекти кои се закани за регионот.

УНЕСКО во последно време ги заостри критериумите во цел свет и листите на загрозени региони расте од година во година.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиев се надева дека УНЕСКО ќе ги согледа позитивните промени и е убеден дека нема да го загубат статусот на УНЕСКО.

Евроамбасадорот Дејвид Гир вели дека природното и културно наследство на охридскиот регион бара силна владина посветеност за имплементација на сите препораки.

„Чувањето на природното и културното наследство на охридскиот регион бара силна владина посветеност за имплементација на сите тие препораки, што бара поголема координација меѓу надлежните министерства и другите институции. Сето тоа бара ангажман на национално и локално ниво што ќе биде поддржано со соодветен буџет. Мисијата за зачувување на регионот за човештвото, според него, треба да добие поддршка од сите политички сили. Тоа треба да биде национално посредување и активност која ќе ги обедини сите фактори во општеството, како на национално така и на локално ниво и да биде со партнерство меѓу надлежните, граѓанскиот сектор, локалните заедници и бизниси.“, рече Гир.

Охрид неколку пати добиваше извештаи за ставање на црната листа на УНЕСКО но беа отфрлени од страна на советот на оваа организација. На седницата во јуни, меѓународните власти ќе одлучат дали Охрид ќе го задржи статусот на УНЕСКО.