Зајкова: Со новиот Кривичен законик целосно се амнестираат министрите и директорите по принципот „правда по мерка на помоќниот“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во објава на социјалните мрежи го коментираше донесувањето на новиот Кривичен законик.

„Со новиот Кривичен законик кој си го изгласаа т.н. големи партии, кривичните дела на функционерите повторно ќе си застаруваат како до сега, а министрите и директорите целосно се амнестираат од несовесно работење — правда по мерка на помоќниот“, пишува Зајкова во својата објава.

Во текот на денот Собранието го усвои предлогот за Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Според предлагачот, односно ВМРО-ДПМНЕ, законот има за цел да ги избегне можните штетни последици од измените усвоени во септември 2023 година и да подобри некои одредби, усогласувајќи ги со европските и меѓународните стандарди во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Пратениците од Левица гласаа против, оценувајќи дека законот се усвојува во интерес на функционерите на владејачката мнозинство.