Закана за бомба во „Ист Гејт Мол“, вработените се евакуираа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Познатиот шопинг центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје прими дојава за бомба, по што реагираше полицијата и го евакуираше целиот тровски центар и сите вработени додека траат проверките.

Ова е првпат закана да биде испратена во шопинг центар, откако досега имаше по училиштата, а вчера беше испратена закана и до Народната Банка.

Инаку и утрово имало закани за бомби во неколку средни училишта, по што МВР и антитерористичка екипа се на терен и ги проверуваат овие закани.

Досега сите закани за бомби се покажаа лажни.