Закажана прва ТВ дебата меѓу Трамп и Бајден – CNN соопшти детали

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се наближуваат изборите во САД, а со тоа големо внимание привлекува првата преседателска дебата меѓу актуелниот претседател Доналд Трамп и кандидатот од редовите на демократите, Џо Бајден, која ќе биде одржана во вторник во просториите на Универзитетот „Case Western Reserve“ во Кливленд.

Според наводите на CNN, дебатата ќе биде поделена во шест сегменти кои ќе траат по 15 минути. Дебатната комисија објасни дека темите можат да се променат во зависност од „развојот на вести“, но шест сегменти ќе бидат: Постигнувањата на Трамп и Бајден, Врховен суд, коронавирус, економија, прашање за расите и насилство во градовите, како и интегритетот на изборите.

Дебатата ќе ја води новинарот и водител на ТВ мрежите Фокс Њуз, Крис Валас.

Според информациите на американските медиуми, Трамп и Бајден веќе на големо се спремаат за дебатата, а актуелниот претседател Трамп неодамна истакна дека секој ден го користи за да се подготви за разговор велејќи дека „само го прави тоа што и инаку“.

Бајден, од друга страна, истакна дека се радува за дебатата со Трамп со цел да го „повика на одговорност“ и вели дека знае „како да се носи со силеџии“.