Не поднесувам оставка, до поднесувам неотповиклива остава. Вакви се изјавите на републичкиот јавен обвинител Љупчко Коцевски во временски период од неколку месеци. Само неколку минути пред собраниската седница за негово разрешување, која беше закажана за почеток во 11 часот, Коцевски излезе на прес конференција на која соопшти дека поднесува оставка. Иако и сега се бранеше дека работел професионално, својата иницијатива за негово разрешување Владата ја образложи со непрофесионализам на Коцевски, афери, неовластено изнесување на информации, групни професионални грешки, нарушени меѓучовечки односи во Обвинителството. Ова се дел од „гревовите“ на Коцевски, а за негови други грешки пишува и порталот Скопје1.мк.
Како што пишува овој портал, обвинителот Коцевски ,,ќари” уште неколку месеци и остана да го води ЈОРМ поради трагедијата во Кочани, за да нема застој и да има брза и ефикасна постапка. Коцевски, со сите сили се обиде да ја убеди јавноста дека работи посветено, професионално и без политички притисок за да има брза разрешница на случајот, па дури назначи и 15 обвинители да работат на случајот. Поапси се и инсистираше на притвор на се што има каква било поврзаност со трагедијата, па и да се работи за дејство од пред 13 години.
Коцевски ќе остане запаметен како единствен обвинител, кој на настан стои позади премиерот, во јавноста имаше информации дека неговата ќерка давала на новинари информации за работата на обвинителството, иако ова упорно го демантираше.
Се раскара со поранешниот шеф на Вишото јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи за бонусите на СЈО. Хајрулахи не чекаше да го разрешат и побрза да си даде оставка, но Коцевски не успеа да се израдува и набрзо доби предновогодишна „честитка” oд Владата со барање за негово заминување.
Обвинителите се жалат дека имале слаба комуникација со нивниот шеф и ретки се тие кои можеле да бидат примени кај него, се жалеа и учесниците во сообраајот, бидејќи Коцевски многу сакаше сите да знаат дека тој минува, поради флешерите од неговиот службен автомобил. Заради безбедност или чалам, верно беше чуван од неговото обезбедување.
Во јавноста могу милуваше да се фали дека транспарентноста во Обвинителството започнала со него. Да, тој беше љубител на настапи но во медиуми кои тој ги бираше.
