Лихтенштајн е мала земја – четврта најмала земја во Европа и шеста најмала во светот, која почива на бреговите на Рајна помеѓу Швајцарија и Австрија.
Оттаму произлегува помалку позната, но сепак забавна приказна, зачинета со нијанса на мистерија.
Тие успеале да останат неутрални (и со тоа во голема мера да избегнат загуби) и во двете светски војни. Дури и во 1943 година, кнежевството отиде дотаму што ја забрани нацистичката партија. Во тоа време, тие дури и немале војска, бидејќи целосно ја распуштиле во 1868 година.
Сепак, приказната за последниот чувар на армијата на Лихтенштајн од 1866 година останува позната од две причини – прво, тие немале жртви, бидејќи ги избегнувале сите борби. Второ, тие заминале со 80 војници – и се вратиле дома со 81.
Што се случило?
За време на Австро-пруската војна од 1866 година, Лихтенштајн испратил војска од 80 луѓе да го чуваат преминот Бренер меѓу Австрија и Италија, додека резерва од 20 мажи останале зад нив.
Иако војската требало да ја брани територијата од италијански напади во случај на вонредна состојба, порталот „War History Online“ пишува дека „тие навистина не требало да направат ништо друго, туку само да седат во прекрасните планини, да пијат вино и пиво и да си поминат убаво“.
Сепак, битката кај Кенигарите ја реши војната, Прусите победиле, а војниците од Лихтенштајн полека се движеле дома. Меѓутоа, кога се вратиле, имало еден повеќе – се вратиле 81 војник.
Кој бил „вишок“?
Според „War History Online“, австрискиот офицер за врски бил „мистериозна личност“ која се приклучила на армијата.
Од друга страна, „Lonely Planet“ пишува дека војниците на Лихтенштајн ја нарекле новата личност во нивната група „италијански пријател“, додека пак има и извори кои зборуваат за тоа како е дезертер од војска.
Ниту една од овие приказни не е потврдена, но ниту една не е ни побиена. Ако некогаш ја дознаеме вистината, тоа веројатно ќе ја расипе целата приказна, како што често се случува.
Во меѓувреме, Лихтенштајн стана мала успешна земја – која сè уште нема војска.
