Тоалетната хартија, пелените за возрасни и деца, влажните марамчиња и хигиенските влошки ќе се намалат за 13% од пазарните цени на мало до 20 март а потоа ќе бидат замрзнати.
ПРОИЗВОДИ | СЕГАШНА ЦЕНА | ЦЕНА СО-13% НАМАЛУВАЊЕ |
ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА | 120 – 240 ДЕНАРИ | 104 -208 ДЕНАРИ |
ПЕЛЕНИ ЗА ВОЗРАСНИ И ДЕЦА | 900 – 1600 ДЕНАРИ | 783-1392 ДЕНАРИ |
ВЛАЖНИ МАРАМЧИЊА | 70 – 90 ДЕНАРИ | 60 -78 ДЕНАРИ |
ХИГИЕНСКИ ВЛОШКИ | 90 – 150 ДЕНАРИ | 78-130 ДЕНАРИ |
Одлуките за замрзнување на цените наидоа на остри критики од приватниот сектор. Директорот на Стопанската комора Антони Пешев истакнува дека овие мерки се штетни а вели дека најправилно решение би било субвенционирање на граѓаните.
Но од владата соопштија дека овие мерки ќе бидат на сила се додека има потреба, а уверуваат дека нема опасност од покачување на цените по нивното укинување.
Што се однесува до изнаоѓање систематско решение, велат дека се подготвени да ги направат сите законски измени според кои ќе се намали процентот на ДДВ и царинските давачки. Што исто така влијае на намалување на цените.