Западна Македонија најпогодена од дожд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот од 07:00 часот на 18 ноември до 07:00 часот на 19 ноември, најголеми количества на дожд се регистрирани во западниот дел на Република Северна Македонија, над 60 l/m².

Во Скопската котлина и Пелагонија наврнати се од 20 до 40 l/m², додека најмалку дожд паднал во централна и источна Македонија, помалку од 20 l/m².

Максимално наврнатите количества се забележани на АМС Ростуше со 82,3 l/m² и АМС Вевчани со 81,2 l/m².

Информациите се изготвени врз основа на мерењата од автоматскиот метеоролошки набљудувачки систем на УХМР и националната метеоролошка мрежа.