“Ние знаеме кои сме и какви сме. Да не остане она најлошото па да има омраза. Нормално дека треба да има и од ваша страна реакции, што е вистина. Ова е отпечатено, издадено и можеби во иднина сигурно ќе се направи ова да се избегне и да се повлече оваа книга од употреба“.
Професорот по географија во гимназијата Зеф Љуш Марку во Скопје, Бурим Алиу овие зборови мораше да и ги повторува на секоја генерација. Тоа што е напишано во учебникот за втора година, за него е неприфатливо како и за неговите ученици.
Ова е вака бидејќи таму каде што се зборува за структурата на населението, пишува “од Албанците во Македонија постојат племиња кои самите се сметаат за автохтони, но главно се македонско население кое во време на турското владеење го прифатило исламот и е албанизирано, а меѓу нив има некое племе со турско, ромско и черкеско потекло.
Професорот Алиу знае како да постапи кога доаѓа до овој дел од лекцијата, едноставно го прескокнува, но го загрижува размислувањето кое може да предизвика предрасуди во училиштата каде се предава на македонски јазик.
„Во нашата гимназија и другите албански училишта, сигурно тој дел не се изучува но најлошото е, ќе кажам отворено, што да кажеме за гимназиите, за средните македонски училишта. Нормално се појавува и се уште постои таа омраза воопшто.“, рече Алиу.
Најновото издание на овој учебник е од 2009, а е одобрен од МОН во 2002. За 20 години никој не го коригирал, затоа Младинскиот форум на АА и Алтернатива, страниците со како што ја нарекоа, фашистичка содржина, ги искинаа и ги запалија токму пред МОН.
„Ние треба да го направиме тоа што треба да го стори секој ученик, родител и наставник со патриотска свест, да не дозволи ваквите срамни елементи да бидат дел од нашите учебници со кои се индоктринираат луѓето и им се наштетува на Албанците. Така треба да заврши фашизмот.“, вели Омер Ајдини од младинскиот форум на АА-ААА.
Но зошто во две децении никој не собра храброст да ги коригира навредливите лекции за Албанците? Низ годините со МОН раководеа кадри на ДУИ. Последен кој имаше двегодишен мандат беше Арбр Адеми. Додека беше во кабинетот, вели дека успеал да коригира 51 четиво, но додава дека за жал не се сменети сите бидејќи се чекало кога ќе се сменат да се внесат и нови историски факти, како што е промената на името на државата.
„Моментот кој се однесува на 2019, по потпишувањето на Преспанскиот договор и постигнувањето на Договорот со Бугарија, ние ги испративме сите школски четива и наставни програми до меѓудржавните комисии, како со Грција така и со Бугарија, и очекувавме во тоа време финален производ и од интерен аспект, спорните прашања да ги коригираме.“, изјави Адеми.
Грешките во учебникот по географија и другите факти, Адеми ги нарече глупости, а тврди дека започнатите реформи треба да продолжат. На прашање за овие грешки во четивата, од МОН за ТВ21 велат дека со планот за целосна реформа на образовниот систем, ќе се отстранат и пропустите кои со години се провлекуваат низ учебниците.