Од ноќеска на полноќ започнува изборниот молк за локалните избори, кој ќе трае до 19 часот на 31 октомври (недела).
Во текот на овие две недели за вториот круг од локалните избори, партиите и коалициите имаа можност повторно да ја претстават својата понуда пред граѓаните.
Денеска во Македонија гласаат болните и немоќните, лицата кои се инфицирани со ковид-19 или се во изолација, затворениците, лицата во притвор, во старски домови и внатрешнораселени лица.
Резултатите од гласањето на овие лица ќе бидат познати во текот на утрешниот ден.
