Започна вакцинацијата и со кинеската Синофарм – гужва без дистанца пред најголемиот вакцинален пункт

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голема гужва без дистанца од утрово беше забележана пред најголемиот вакцинален пункт салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Освен ревакцинацијата, денеска започна масовната вакцинација и со кинеската вакцина на Синофарм, која во нашата зеја пристигна минатата недела. Припадници на полициската и армиската служба го го обезбедуваа влезот од салата, а привремено делеа и чишиња со вода на граѓаните кои чекаа во долгата колона на сонце. Иако немаат право на избор, граѓаните препорачуваат дека е потребно сите да се вакцинираат.

-Со Синофарм мислам, не знам ама не бирам. Да се вакцинираат сите обавезно, за здравје на сите.

-Која вакцина ќе биде на ред, така ми кажаа.

-Денеска се вакцинира со кинеската, но јас не пребирам, со било која вакцина, коментираа анкетираните граѓани.

Имаше и такви кои денеска ја примија и втората доза од вакцината.

-Бев на ревакцинација, со Спутник. Сите треба да се вакцинираат за вирусот да се победи.

-Обавезно да се вакцинираат сите. Секоја вакцина е подобра од никоја.

-Ние се вакциниравме со Спутник како здравствени работници, а мојата препорака е луѓето да дојдат да се вакцинираат и да си закажат, поготово Ромското население да си закажат преку матичните лекари и да дојдат да се вакцинираат, истакнаа анкетираните граѓани.

Оваа госпоѓа смета дека треба да им се даде можност на граѓаните да бираат со која вакцина сакаат да се вакцинираат.

-Да бираме која вакцина. Ако треба и ќе си платиме. Јас мислам дека треба да стои таа опција, посочи анкетирана граѓанка.

И во внатрешниот дел од пунктот можеше да се забележи голема гужва од граѓани. Едни чекаа ред за да се најват, други за да се вакцинираат, а трети седеа по неколку минути на столици по извршената вакцинација.

-Со синофарм се вакцинирав, супер сум немам проблем. Ова е гола вода, стави, тури, нема гајле. Сите час поскоро да се вакцинираат за да не чекаме нови мутации. Не прашував која вакцина, било која па и Астра зенека да беше, додаде еден од анкетираните граѓани.

-Сега за сега сум одлично. Ние сме повозрасни и треба да не слушаат помладите и тие да се вакцинираат зашто секој сака да живее нормален живот, коментирше друг граѓанин.

Здравствените работници апелираат до грашаните да ги почитуваат меркитеи термините за да не се создава дополнителна гужва.

„Гужвата се створи бидејќи граѓаните можеби не ги почитуваат одредените термини што им стигаат на нивните телефони, бидејќи сите граѓани се известени преку смс порака кој ден и кое време треба да дојдат“, рече докторот Харакан Мемеди.

Денеска започна масовната имунизација на населението и во други регионални центри низ државата како што се Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола. Предвидено е да се вакцинираат меѓу 10 до 15 илјади граѓани на ден, со што здравствените власти очекуваат до почетокот на летото да имаме висок процент на вакцинирано население и целосно менување на епидемиолошката состојба.