Започна второто полугодие – учениците сѐ уште немаат доволно учебници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Започна второто полугодие во средните и основни училишта. Учениците среќни што се враќаат во школските клупи, но проблемот со недостиг од учебници се уште не е решен.

Тие велат дека се трудат да најдат решение преку интернет  за некои предмети и од забелешките што ги запишуваат на часовите.

„Се викам Рејхане Сефа, трета година сум и учам на Техничко-фармацевтска насока“.

-Како почна за вас второто полугодие?

„Второто полугодие почна како што треба, задоволни сме што се вративме во школските клупи со сите услови исполнети“.

-Имате учебници?

„Имаме, но има и недостиг од учебници кои нашето училиште ни вети дека ќе ги имаме до крајот на годината, дека ќе ги обезбеди“.

-Кои учебници конкретно ги немате?

„Македонски јазик, албански јазик и некои други за нашата насока“.

„Трета година сум, на Техничко-правната насока, денеска го почнавме второто полугодие со надеж дека ќе го завршиме успешно“.

-Дали имате недостиг од учебници?

„Не многу, само за тие предмети кои се нови за оваа година, и кои на некои начин беа стручни“

-Конкретно за кои предмети немате учебници?

„Бидејќи јас сум на техничко-правната насока, имав предмет Право, како кривично право, и немаме учебници, но од страна на професорите или преку интернет го надополнивме тоа, ни помагаа и професорите“.

Сакип Аџами, директор на Средното училиште „ Цветан Димов, вели дека недостигот на учебниците по неколку предмети е резултат на новата план програма, бидејќи, како што тврди, училиштето Цветан Димов е стручно училиште.

Конкретно колку учебници недостасуваат?

„Учебниците кои недостасуваат се по Албански јазик, Македонски јазик и други предмети“.

Дали сте доставиле барање до МОН?

„Секогаш ние како училиште сме доставиле барање, но сега чекаме Министерството да направи нешто во тој правец“.

Како се одвива наставата без учебници?

„Учениците по повеќе предмети фаќаат забелешки од професорите од учебниците со кои тие располагаат и на тој начин се одвиваше наставата“.

Од МОН за ТВ21 велат дека во 2023 година ќе бидат распределени учебници за сите одделенија.

„Две учебници за второ одделение кои навреме не ја поминаа постапката за усвојување од Националната комисија за учебници ќе бидат распределени до почетокот на следната недела. Исто така и учебниците за другите одделенија се распределени пред почетокот на учебната година во септември. Во 2023 година сите учебници за сите одделенија, вклучувајќи ги овде и голем дел на учебници за средни училишта ќе бидат распределени пред пореткот на новата учебна година и истото ќе важи и за учебниците по странски јазик, при што МОН веќе ги започна постапките“, велат од МОН.

Инаку, МОН претходно вети дека учебниците за средните и основните училишта ќе бидат готови до октомври минатата година.