Заразената пациентка со коронавирус од Гостивар немала никакви симптоми

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Инфектологот во болницата во Гостивар Ратко Наумоски, во изјава за ТВ21 вели дека пациентката која била позитивна на коронавирусот, немала никакви симптоми.

„Таа е пејачка од Албанија, мажена во Гостивар. Пред неколку дена се вратила од Германија, и дојде во инфективната клиника да се тестира. Немаше никакви симптоми, и денеска стигнаа тестовите. Изненадувачки беа позитивни, иако таа, ќе кажам повторно, немала никакви симптоми, а тест направи поради тоа што била заедно настапувала со пејач од Косово“, рече Наумоски.