В понеделник правото на глас ќе можат да го остварат лицата заразени со Ковид-19, кои се во изолација, а во вторник пак хронично болните. Кај заразените и оние кои се во изолација, освен набљудувачки, ќе има и лекарски тим. Бројките на гласачите кои се позитивни на Ковид-19, покажуваат дека не покажале голем интерес за да гласаат. Во Кичево, Охрид и Струга од вкупно 584 заразени, за гласање се пријавиле само 127 граѓани. Во Кичево од 59 активни случаи на коронавирус и граѓани во изолација, за остварување на правото на глас се пријавиле само 36 луѓе.
КИЧЕВО
БРОЈ НА ЗАРАЗЕНИ 68
БРОЈ НА АКТИВНИ ЗАРАЗЕНИ 59
БРОЈ НА ГЛАСАЧИТЕ СО КОВИД И НА ИЗОЛИРАНИТЕ 36
БРОЈ НА ХРОНИЧНО БОЛНИ 483
Во Охрид пак, имаме уште помал број на заинтересирани. Од 137 случаи, за гласање се пријавиле само 34.
ОХРИД
БРОЈ НА ЗАРАЗЕНИ 223
БРОЈ НА АКТИВНИ ЗАРАЗЕНИ 137
БРОЈ НА ГЛАСАЧИТЕ СО КОВИД И НА ИЗОЛИРАНИТЕ 34
БРОЈ НА ХРОНИЧНО БОЛНИ 135
Во Струга ситуацијата е следна: од 159 активни случаи на коронавирус, желба за гласање изразиле само 57 лица.
СТРУГА
БРОЈ НА ЗАРАЗЕНИ 312
БРОЈ НА АКТИВНИ ЗАРАЗЕНИ 159
БРОЈ НА ГЛАСАЧИТЕ СО КОВИД И НА ИЗОЛИРАНИТЕ 57
БРОЈ НА ХРОНИЧНО БОЛНИ 183
ТВ21 дознава дека Општинските изборни штабови тешко успеваат да најдат лекар кој ќе биде дел од гласањето в понеделник. Повеќето од нив бараат да се повлечат, со изговор дека се на работа или дека се болни. Треба да се истакне дека болничкиот и медицинскиот капацитет во овие три града за справување со Ковид-19 е речиси минимален. Кичево нема на располагање ниту еден инфектолог, а нема ниту простор за сместување на пациентите во случај ако дојде до зголемување на бројот на заразени. Сомнителните случаи се тестираат од страна на лекарите во Битола. И Струга има мал капацитет во однос на медицинските тимови и простор, особено за пациентите заразени од коронавирус. Стружани за помош се обраќаат во охридската болница, иако и во Охрид болничкиот капацитет за справување со Ковид-19 не е на завидно ниво. Најтешките случаи од овие три града, се препраќаат на скопските клиники, бидејќи немаат доволно капацитет за нивно лекување.