Изненадувачки настан во Индонезија. Еден човек уапсен и веднаш е ставен во притвор, откако се маскирал како жена за да може да лета. Патникот бил позитивен на коронавирус, и немало да може да лета.
Сепак, неговата сопруга била негативна, па тој решил да се маскира во неа за да го фати авионот. Инцидентот се случил на летот Џакарта – Тернате. Кога се качил во авионот, тој го докажал својот идентитет.
Меѓутоа стјуардесата го приметила, односно дека влегол како жена, а излегол како маж, па го вклучила алармот. Биле повикани властите кои веднаш го уапсиле осомничениот. Бил извршен тест кој бил позитивен и веднаш е испратен во изолација во неговиот дом, каде го надгледува полицијата.
