Нема да има дополнителни рестриктивни мерки, а ниту полициски час овој викенд одлучи Комисијата за заразни болести иако во изминатите четири недели има константо зголемување на бројот на заразни со коронавирус.
„Тоа што беше заклучок денеска е дека оваа сегашна мерка оваа важечка рестрикција забрането движење после 22 часот треба да остане иста и дека нема да се надополнува. За ова дефинитивните резултати ги очекуваме до крајот на оваа недела или викендов“, вели Венко Филипче.
За имунизацијата на населението се уште нема конкретен датум. Вакцините ќе пристигнат, но кога не се знае.
„Неизвесноста е голема не само кај сите земји во светот. Од самиот почетокот од сите можни извори пристапивме максимално сериозно и навремено. За жал немањето доволно количини и огромниот притисок врз производителите во делот на Ковакс Системот во делот на системот на солидарност од страна на земјите членки на евроската унија како и дирекните договори и тука се доцни со испораката“, додава Венко Филипче.
До сега има 116 случаи на реинфекција од кои двајца се починати вели претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски.
„Сите овие резултати кои сме ги добиле за реинфекција голем дел од нив се должат од непочитување на мерките. Или во крајна линија на оние лица кои што мислејќку дека не можат да се заразат заради тоа што предходни биле заразени во втор контакт со некое заразено лице кои што можеби е заразено со британскиот сој“, вели Жарко Караџовски.
На прашањето зошто почесто го нема во медиумите, Караџовски вели дека Комисијата постојано работи, ја следи ситуацијата, но не сака да биде турска серија.
„Дека не сакам да контактирам со медиумите не е точно, меѓутоа исто така не би сакал да стѕанам турска серија и секој ден да ме гледате мене затоа што и тоа не е во ред“, додава Жарко Караџовски.
На прашање дали Комисијата за заразни болести смета дека пописот треба да се одложи поради зголемување на бројот на заразени, Караџовски рече дека тие подготвиле безбедни протоколи за пописот, а дали ќе се одржи или не е политичка одлука.
