Затворен објектот во Чичино село – што ќе се случува со бездомниците?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со години ова место е дом за голем број на бездомници.

Иако овој објект нема ни оддалеку услови за живот сепак, голем број на лица кои немаат дом или судбината си поиграла со нивниот живот имаа барем кров над глава и безбедно место за спиење.

Но, засолништето „Чичино село“ веќе се затвора. Ќе биде затворено засекогаш.

Зоран Бајраков е еден од најстарите луѓе во ова прифатилиште. Тука е веќе 8 години.

„Дали сакате да го напуштите ова место?

-Да сакам или не, мораме да си заминеме. Сите ќе ги остават сите бездомници овде ќе си заминат сега има правила каде ќе не праќаат каде што вели министерството таму. А дека ова прифатилиште е запоставено од институциите, покажуваат и овие слики, вели Зоран Бајраков.

-Колку години сте тука?

-Една година, вели Елдис.

-Какви се условите? А знаете ли дека ќе бидете испратени на друго место и ова место ќе биде затворено?

-Знам. Не знам дали ќе ни кажат дека сигурно ќе си одиме, додава тој.  

Директорот на центарот за социјална работа во Скопје, Лиридон Бафтију за ТВ21 потврди дека овој шелтер центар ќе биде затворен! Но, што ќе се случи со над 30-тина бездомниците што се овде?

„Да ви го покажам планот како ќе се среди оваа работа, имаме постари луѓе кои се над 65 години и најдобро решение за нив е да ги испратиме во Геријатриска болница бидејќи мислиме дека и тие има здравствена заштита таму, медицинскиот персонал е тој кој секогаш се грижи за нив“, изјави директорот на Центарот за социјална работа – Скопје, Лиридон Бафтију.

Старите лица ќе бидат испратени во соодветни болници, но во овој објект има и  5 деца.

„За децата дефинитивно размислуваме за подобро решение, разговаравме пред интервјуто и им покажав неколку креативни идеи што ги имам, ние како институција можеме да соработуваме и со Министерството за здравство и други институции од кои имаат државни имоти кои стопанисуваат со нив, ако бројката е ваква, ни останаа некаде 15 луѓе да ги префрлиме во безбедни населби, тогаш мислиме дека решението ќе биде полесно, тие луѓе ќе се радуваат на крајот од денот“, додава Бафтију.

Неколку пати ова засолниште беше опожарено, по што беше уништен голем дел од објектот. Во 2020 година изгореа три бараки, но за среќа немаше жртви, само материјална штета. Често сме известувале за несоодветните услови во кои живеат бездомниците. Ова засолниште е изградено пред 50 години.