Затворен воздушниот простор над Вилнус – 26 часа не смее пиле да прелета

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Минути после полноќ. Екипата на ТВ21 пристигна во Вилнус, Литванија. Авионот со кој пристигнавме е последниот кој може да слета на оваа територија. Од овие моменти во следните 26 часа воздушниот простор целосно ќе биде затворен, за авиони, дронови, воздушни балони и било какви други летечки објекти.

Ако нешто се забележи во воздушниот простор, ќе биде пресретнат од најсовремената опрема која неколку земји членки на НАТО ја донесоа во Литванија.

Тука се 12 ракетни системи Патриот од Германија, балистички и други ракети, воени авиони, а Шпанија го достави својот систем за противвоздушна одбрана. Финска и Данска распоредија авиони, а Британија патролира со дронови.

Во 74 годишната историја на НАТО ова е за прв пат лидерите да биде толку блиску до Русија. Вилнус, е на само 200 километри од границата со рускиот агресор во Калининград. А границата на Украина која Русија ја нападна е оддалечена 360 километри.

Границата на рускиот сојузник Белорусија е оддалечена само 35 километри.