Завршени работите на канализационата мрежа кај Грешница – улицата што поврзува четири села, се уште неасфалтирана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вака изгледа улицата во село Грешница, Кичево, по изведените работи на канализационата мрежа.

Оваа улица поврзува 4 села од оваа страна, Грешница, Лешница, Бачишта и Речани. Откако почнаа работите на главната канализациона мрежа, улицата е во оваа состојба.

Во текот на овој летен период кога печалбарите се вратени во родното место, се создава проблем во сообраќајот.

Иако се чини дека е завршена канализационата мрежа, улицата веќе 2 месеца не е асфалтирана.

„Патот е пробиен поради фекална канализација, ние како жители пред две недели презедовме иницијатива да пополниме, поправиме и  донесовме одлука да не се пушта вода на коловозот. Писмено ги предупредив да не ја користат водата бидејќи создава дупки. Велат се давиме во прашина, сега не можам да донесам полиција овде. Да бидам искрен, не знам кога ќе го средат, како ќе го средат, само што имам информации дека откако ќе завршат работите за канализацијата, за асфалтирање, општината ќе ги преземе работите“, вели Сефер Рахамни.

Канализационата мрежа не ја уништи само улицата туку и дворовите на неколку куќи.

Кај дворот на Муадин поминува канализационата мрежа а овде се тргнати и бекатоснките плочи, оштетен е ѕидот целосно. Иако се поминати два месеца откако е завршена канализацијата, неговиот двор и натаму е во лоша состојба.

Жител

„Ми рекоа дали има можност во овој систем како што е, реков има можност но ако нешто пукне можете да ми го поправите, ми рекоа гарантираме, почнаа да градат, ги расипаа  жиците таму напред, тие ја направија дупката кај што е, го уништија и ѕидот таму, ми ги уништија и бекатонките и оставија  така. Поминаа повеќе од месец и половина и не се појавија. Имаше еден ден кога Германец го фотографираше и ми рече дека ќе се направи, но не знам кога ќе се направи. Работам 3 недели. Сам ги пополнив дупките“.

Канализационата мрежа која минува низ селата е мрежа што опфаќа многу кичевски села почнувајќи од Зајас до Другово, Кичево.

Оваа улица е на влезот на селото. Има 7 метра бидејќи жителите на своја иницијатива ја прошириле улицата но пред неколку години се асфалтирани само 3 метра а остатокот е поплнет со песок. Иако има простор за две ленти, едната е асфалтирана а другата пополнета со песок, а сега со минувањето на канализационата мрежа на овој дел, улицата е целосно уништена.