Заврши бетонирањето – наскоро ќе започне да се поставува модуларната болница во Дебар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општинскиот оперативен штаб на Оштина Дебар објави дека денеска завршило бетонирањето на базаментот на кој наскоро ќе биде изградена модуларна болница која ќе придонесе во борбата против пандемијата со коронавирусот.

Инаку, денеска министерството за здравство информираше дека во Дебар се регистрирани 5 нови случаи на коронавирус.

Од почетокот на пандемијата досега во Дебар има 766 случаи на коронавирус, од кои активни се 93.