Потписот на претседателот Доналд Трамп го заврши најдолгото затворање на владата на САД во историјата.
Трамп го потпиша клучниот буџетски закон неколку часа откако тој беше усвоен од Претставничкиот дом, долниот дом на Конгресот.
Претходно, законот, кој овозможува финансирање на државните услуги, беше усвоен и во Сенатот.
При усвојувањето на законот во двата дома, на Републиканците, кои имаат мнозинство во двата дома на Конгресот, им се придружија голем број претставници на Демократската партија.
Договорот беше постигнат во текот на викендот откако некои демократи им се придружија на републиканците во Сенатот, постигнувајќи договор да им се овозможи на федералните вработени да се вратат на работа, како и оние работници во основните услуги да почнат да работат.
Тековната блокада на некои владини служби од 43 дена е најдолгата забележана во САД. Претходниот рекорд, 35 дена, беше поставен за време на првиот претседателски мандат на Доналд Трамп, кој заврши во јануари 2019 година.
