Заврши средбата на партиите со Албулена Хаџиу, предложен 7 јуни како датум за избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заврши средбата на вршителката на должноста претседателка, Албулена Хаџиу, со политичките партии за утврдување на датумот за изборите.

На оваа средба, 7 јуни бил оценет како најсоодветен датум за одржување на изборите, јави РТВ21.

Претседателот на ПДК, Бедри Хамза, изјави дека најбаран датум за одржување на изборите бил 7 јуни.

Сепак, тој нагласи дека ПДК ќе го почитува кој било датум.

„Повеќето претставници беа за датумот 7, но ќе видиме понатаму. ПДК е подготвена за избори“, изјави Хамза.

И претставникот на ААК, Ардијан Ѓини, рече дека овој датум се гледа како можност за стабилност на земјата и за унапредување на демократските процеси.

„Постои согласност да се избере 7 јуни“, рече Ѓини.

Исто така, и Јехона Лушаку-Садриу од ЛДК се изјасни по средбата со вршителката на должноста претседателка Албулена Хаџиу во врска со датумот на изборите.

Таа рече дека ЛДК го предложила 7 јуни како соодветен датум за одржување на изборите.