Заврши транспортот на руски гас низ Украина, од денеска ќе добиваат само Србија, Унгарија и Турција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Русија ја заврши испораката на гас во Европската унија преку Украина во раните утрински часови во првиот ден од 2025 година, откако заврши договорот помеѓу украинската компанија „Нафтогаз“ и рускиот „Газпром“.

Единствените држави кои ќе добиваат гас се Србја, Унгарија и Турција преку гасоводот „Туркстрим“ во Црното море.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски претходно најави вакво сценарио откако кажа дека „нема да дозволи Русија да заработува милијарди долари на нашата крв“.

Со тоа претстанува испораката на евтин руски гас во ЕУ.