Заврши самитот на британскиот премиер Кир Стармер со европските лидери во Ланкастер Хаус, кој траеше околу два часа.
По средбата, лидерите почнаа да ја напуштаат зградата еден по еден, а украинскиот претседател Володимир Зеленски сега се очекува во Сандрингем, каде ќе се сретне со кралот Чарлс Трети.
По самитот, премиерот Стармер ќе одржи прес-конференција, која е најавена за 18 часот по наше време.
