Во Основниот суд во Тетово денеска се одржаа завршните зборови во повторниот судски процес за пожарот во модуларната болница на 8 септември 2021 година, во кој загинаа 14 лица. Обвинети се двајцата поранешни директори на тетовската болница, Флорин Бесими и Артан Етеми, како и самата болница како правно лице.
Обвинителството побара да бидат прогласени за виновни за „тешки дела против општата сигурност“, нагласувајќи дека не биле поставени противпожарни апарати, иако имале законска обврска.
Одбраната побара ослободителни пресуди, тврдејќи дека обвинетите немале директна надлежност за безбедносните аспекти на модуларниот објект, а болницата само го користела просторот.
Пресудата ќе биде изречена на 16 мај во 12 часот.
