Здравствената состојба на папата Франциск се подобрува

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Здравствената состојба на папата Франциск се подобрува, а забележително е подобрување на моторните, респираторните и гласовните функции, соопшти денеска прес-службата на Ватикан.

Според извештаите, папата, кој на 23 март ја напуштил римската болница Џемели каде што се лекувал од пневмонија, продолжува со работните активности и состаноци со претставници на Светата столица, а подготвил и напишал медитации кои ќе бидат прочитани за време на богослужбата на Велики петок пред Велигден.

Прес-службата објави и дека папата сега се помалку прима терапија со кислород, што во моментов е сè поограничено, додека тој продолжува со физиотерапијата, пренесува Ватикан Њус.