Зејди ќе формира нова политичка партија, ќе им подаде рака за соработка за сите кои излегоа од Алтернатива

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот Скендер Реџепи Зејди и официјално во летното издание на Клик Плус потврди дека ќе формира нова политичка партија. Изјави дека тоа доаѓа како резултат на незадоволството во Алтернатива бидејќи како партија не му дале можност за промена во партијата и дека не се гледа себеси како дел од некој друг активен политички субјект.

„Сме виделе и во отчетот и средбите со граѓаните, дека имаме поддршка од граѓаните за политичкиот пат кој го градам. Бидејќи не се гледам себеси кај ниту еден политички субјект, бидејќи верував дека во Алтернатива треба да работам, бидејќи моето излегување потврди дека промената мора да се направи, но кога видов дека тоа не може да се случи, така да веројатно ќе почнам ново политичко патување заедно со структурите кои ги имаме. Ќе им подадам рака за соработка на тие кои излегоа од ААА, заедно да почнеме ново политичко патување.“, вели Зејди.

Реџепи призна дека во јавноста бројот на албански политички партии се чини многу голем, но сепак рече дека на следните избори Албанците ќе бидат поделени на два блока, алудирајќи на Европскиот фронт и опозицискиот блок.

СКЕНДЕР РЕЏЕПИ ЗЕЈДИ, ПРАТЕНИК
За жал можеби изгледаат дека се многу во нашето општество, и реално е така, но за среќа вака почнува политичкото смирување и за среќа до следните избори ќе се оди на два блока, каде за прв пат во историјата на плурализмот може да се случи Албанците да одат со два табора на избори.

Зборувајќи за опозицискиот блок, Зејди, рече дека беше очекувана соработката меѓу Беса и ААА, но го изненадил Демократското движење на Изет Меџити.

„Очекувано беше да се сретнат ААА и Беса, поради фактот што тогаш се разделија поради идеали а сега се обединија поради можноста за интерес. ААА за да се спаси од распаѓање спас гледа во Беса. Тоа што негативно ме изненади е што Демократското движење се обедини во ова време со нив, политички субјект кој е во фаза на основање, кој се уште нема структури, ниту ограноци и подограноци, а можеше многу лесно да земе активисти и од Беса и од ААА, сите тие кои се незадоволни.“, изјави Зејди.

Зејди зборуваше и за разидување на патиштата со зм.министерот за култура Даим Лучи, кој беше именувам по негов предлог. Зејди рече дека без посебно образложение тој почнал да се оддалечува.