Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири објави конкурс за реновирање на канцеларијата, затоа што првиот вицепремиер Артан Груби не му ја дава неговата, односно канцеларијата на екс генсекот на Владата, Драги Рашковски.
Имено, во текот на вчерашниот ден, од Генералниот секретаријат беше објавен оглас за реновирање на дел од просториите во Владата, како и набавка на мебел.
Во техничката документација на Бирото за јавни набавки во врска со огласот стои дека се работи за оформување на работниот простор на кабинетот во смисла на подобрен простор и функција предложено е решение за припојување на дел од површината на ходникот кон површината на кабинетот.
Зекири за СДК.мк посочил дека откако тој стапил на оваа функција не му била доделена канцеларијата која ја користел екс генералниот секретар Драги Рашковски бидејќи таа ја земал вицепремиерот Артан Груби, а него му била доделена друга помала слободна просторија.
„Потребно е проширување на оваа просторија и затоа ќе се изврши зафат за проширување кон ходникот за поголема функционалност“, истакнал Зекири за СДК.мк
