Зеќири се појави во Кривичниот суд

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот генерален секретар и пратеник Мухамед Зеќири откако беше издадена наредба за приведување од страна на Кривичниот суд, тој денеска сам се појави во судот во придружба на неговиот адвокат.

Тој не одговори на прашањето на новинарите дали планира да бега ниту пак зошто го склучил договорот.

Обвинителството се сомнева дека Зеќири заедно со уште 2 државјани го оштетиле Буџетот на РСМ за околу 800 илјади евра за советнички услуги на Владата.