Зеколи: Албанија направила џиновски чекори кон ЕУ, Брисел ја прекинал комуникацијата со Скопје – Македонија се самоизолира

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи оцени дека напредокот на Албанија кон Европската Унија е „џиновски“ и без преседан во регионот на Источна Европа. Говорејќи во емисијата Дебата21, Зеколи потенцираше дека овој напредок треба да се гледа во историски контекст и во споредба со тешката состојба во која се наоѓаа Албанците во 1991 година.

„Ако ја споредиме почетната точка во 1991 година, каде што беше Албанија, ова навистина е џиновски чекор, без никаков преседан каде било во Источна Европа. Ситуацијата била тешка и во Романија, и во Балтикот, секаде била тешка, но никаде толку драматична како што била нашата, на Албанците.“, рече Зеколи.

Во однос на Македонија, аналитичарот Арсим Зеколи предупредува дека Европската Унија повеќе не комуницира со главните лидери на нашата држава — ниту со Мицкоски, ниту со Филипче, ниту со Силјановска, ниту со претставниците на Албанците. Според него, ЕУ испраќа директна порака на граѓаните дека проблемот веќе не е со Бугарија или Грција, туку проблемот треба да се решава со самиот Брисел. Зеколи вели дека земјава се изолира како резултат на создавањето „моноетнички доминантен национален сојуз“, и дека ЕУ веќе ги третира Македонија и Србија како посебни случаи, држејќи ги надвор од главните политички процеси во Европа.

„Сега од Брисел веќе не комуницираат ниту со Мицкоски, ниту со Филипче, ниту со Силјановска, ниту со Албанците; ова е порака до граѓаните дека вие немате проблем ниту со Бугарија, ниту со Грција, туку имате проблем со Брисел. Топката е кај вас и може да давате реплики колку што сакате. Јасната порака е дека сте изолирани; го баравте овој пристап, создадовте доминантен моноетнички национален сојуз — во ред; ние во ЕУ ќе ви одговориме надпартиски, со апсолутно мнозинство од двете клучни групации, десни и леви, со посебен резервиран третман за Србија и С. Македонија. И тоа беше признание: сакате да се самоизолирате, ние ви ја исполнуваме желбата; јавете се кога ќе биде премногу доцна — а веќе е премногу доцна.“, изјави Зеколи.

Во врска со пораките на амбасадорот на ЕУ во Скопје, Рокас, дека земјата треба да постигне консензус за уставните измени, Зеколи вели дека повиците на амбасадорот се задоцнети, бидејќи според него во 20-те месеци ангажман во Македонија, Рокас најмногу се ангажирал да ги брани интересите на Грција наместо на ЕУ. Според Зеколи, пораките на амбасадорот се повеќе насочени кон тоа да не се чепкаат интересите на Атина, и тоа на штета на Албанците или Бугарите.