„Зелената агенда“ е изненадувањето на ДУИ – Ахмети се обрати и на македонски, ќе се борат за животната средина

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Неколку денови по ред, со интерпукциски знаци во зелена боја, ДУИ промовираше идеја која како што велат е добра за граѓаните на нашата земја.

Најавија нешто што ќе стане тема на дискусија, исто како идејата за премиер Албанец. Пред да ја откријат, првиот човек на ова пратија, Али Ахмети, им се обрати на граѓаните и на македонски јазик.

Големото изненадување најавено од ДУИ е дека од сега понатаму нивен политички приоритет ќе биде квалитетот на живеење и заштитата на животната средина.

„Дојде време ДУИ целосно да се фокусира во квалитетот на живеење, подобрување на условите на секојдневниот живот, развојот, образованието и квалитетно здравство, неселективна правда, дигитализацијата, социјална политика, инфраструктурата, економијата и животната средина“, истакна Али Ахмети.

Ахмети истакна дека како политичка партија во текот на овие години ги исполниле ветувањата и барањата на граѓаните, а сега ќе се фокусираат во „зелената агенда“.

„Беа изградени училишта, болници, градинки, улици, инфраструктура, театро, беа основани нови институции, станавме корисни за земјата“, посочи Али Ахмети.

За интегристите, зелената агенда е и приоритет и за локалните избори.

„Зелената агенда, почитувани пријатели, подразбира квалитетен живот, работни места и развој, посебно во периодот по пандемијата и негативното влијание врз економијата, работните места, здравјето и животот општо“, додаде Али Ахмети.

Во текот на говорот, Ахмети рече дека гледа уништени планини и диви депонии во секое населено место. Ова идеја на ДУИ доаѓа на 19 годишнина како политичка партија, а како дел од Владата во многу мандати кадар на ова партија раководеше со Министерството за животна средина и просторно планирање.