Зелениот пазар во Кичево „мртов“ – Продавачите се жалат дека немаат работа, единствена надеж се печалбарите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Затворени тезги и многу малку купувачи. Ова атмосфера преовладува на Зелен Пазар Кичево.

Продавачите се жалаат дека се во тешка ситуација и дека не стигнуваат да ги платат ниту месечните давачки.

Тие се надеваат дека печалбарите ќе дојдат во Кичево. Велат дека доколку не дојдат печалбарите, тешко дека ќе успеат да ја надминуваат ситуацијата.

Иста е ситуацијата и со продавачите на овошје и зеленчук. Тие велат дека со години работат на Зелен пазар  – Кичево, но пазарот никогаш претходно не бил толку празен.

„Работа има според ситуацијата. Слабо има работа бидејќи ние мислевме дека ќе дојдат печалбарите, тие нема да дојдат поради Ковид-19. Луѓето малку се исплашени и затоа не доаѓаат. Кичево е сезонски град кој работи со печалбарите, доколку не дојдат тие, ќе биде тешко“, вели пазарџија.

„Секој ден има работа, но не многу. Сега ги чекаме печалбарите доколку им дозволат да дојдат поради карантинот, не знам како е состојбата. Ако дојдат тие ќе имаме работа, ако не, тогаш ситуацијата ќе биде иста“, истакна пазарџија.

Пазарите не работеа одреден период поради пандемијата со Ковид-19. Но, иако сега се отворени, тие се соочуваат со тешкотии бидејќи, како што велат, работата се намалила драстично.