Тонино Пицула е соговорник во „Клик Плус“ на ТВ21. Со европратеникот од Хрватска дебатиравме на различни теми од политиката во ЕУ, до ситуацијата во Западен Балкан, интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, како и за политиката во Европската Унија.
Тој кажа дека во моментов во Европа тренд се зелените, еколошки и граѓански платформи.
„Во доста средини се случува нешто што гледаме дека се случува и во остатокот од Европа а тоа се различни нови иницијативи, во главно зелени, еколошки иницијативи, граѓански платформи кои ги привлекуваат граѓаните кои се сити од големите политики и големите партии, но не останале дома туку сакале активно да го дадат гласот за политички опции кои не се компромитирани, но кои нудат и некаква содржина. Спрема тоа во Хрватска се случува нешто што во овој момент е тренд во Европа, како тоа ќе изгледа после некое време пред се зависи и од победниците, значи овие граѓански платформи, еколошки платформи, зелени платформи, колку ќе се докажат и колку навистина тие ќе бидат оние кои ќе ги решат не само комуналните, локалните проблеми на граѓаните, туку пред се и цела низа на афери и недостатоци на големите партии кои толку долго биле на власт“, кажа Пицула.
