Зеленски: Денеска Украина ослободи уште три места во регионот Керсон

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Украинските сили денеска ослободија уште три места во јужниот регион Керсон, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој појасни дека станува збор за населбите Нововоскресенске, Новохрихоривка и Петропавливка, кои се наоѓаат североисточно од градот Херсон.

Тие населби беа ослободени во последните 24 часа, додаде Зеленски, велејќи дека украинската контраофанзива продолжува.