Зеленски допатува во ОАЕ, додека се подготвува состанок помеѓу САД и Русија во Саудиска Арабија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски со сопругата Олена Зеленска пристигна во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати.

Целта на посетата на ОАЕ е и да се разговара за инвестиции, економско партнерство и „голема хуманитарна програма“, објави украинскиот претседател на својот канал Телеграм, пренесе УНИАН.

„Приоритет е да се вратат повеќе наши луѓе дома од заробеништво“, нагласи тој.

Во меѓувреме се подготвува состанок помеѓу делегации на САД и на Русија во Саудиска Арабија.