Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го замоли американскиот претседател Доналд Трамп и САД да „останат на страната“ на Украина, која се бори, како што изјави, против еден човек, рускиот претседател Владимир Путин.
„Тие мора да останат со… демократска земја која се бори против еден човек. Бидејќи тој човек е војна. Путин е војна. Сè се врти околу него. Сè се врти околу еден човек. И целата негова земја е во затвор“, рече Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен.
Тој изјави дека САД се премногу големи и премногу важни за да се повлечат од конфликтот.
