Зеленски: Јермак поднесе оставка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес објави дека шефот на неговиот кабинет, Андриј Јермак, поднел оставка.

Зеленски изјави дека не сака никој да поставува прашања за Украина и затоа денес ќе бидат донесени некои внатрешни одлуки.

„Прво: Кабинетот на претседателот на Украина ќе назначи ново лице за свој шеф – шефот на кабинетот, Андриј Јермак, ја потпиша својата оставка“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање, пренесува Интерфакс Украина.