Зеленски: Мојот план за крај на војната има три точки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во разговор со новинарите изјави дека неговиот план за ставање крај на војната има три точки, прво прекин на огнот, потоа преговори со посредство на САД и конечно јасни безбедносни гаранции.

„Мојот план не е толку комплициран. Многу е едноставен: прекин на огнот, потоа мора да разговараме и да го решиме проблемот со посредство на САД и мора да имаме јасни безбедносни гаранции, односно кој е во состојба да гарантира и што. На пример, што е во состојба да гарантира Европа, што се во состојба да гарантира САД, што е во состојба да гарантира Русија. Мора да има усогласен став“, нагласи Зеленски, пренесува Украинформ.

Зеленски потврди дека широки преговори со европските лидери и претставниците на САД се планирани за утре, 13 август.

„Утре ќе разговараме со Европејците и американската страна и сигурно ќе им пренесам дека ваквите чувствителни прашања за Украина мора да се дискутираат во присуство на Украина“, нагласи претседателот Зеленски и рече дека Европа мора да биде присутна во претстојниот процес на преговори.