Зеленски на самитот на НАТО: И натаму ни е потребна противвоздушна одбрана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека на Украина ѝ се потребни дополнителни системи за воздушна одбрана.

– Сè уште ни е потребна противвоздушна одбрана и сè уште имаме поддршка во таа насока од нашите партнери и сметаме на нејзино продолжување. Исто така, се надеваме на заедничко производство на оружје и воена помош од големи размери, рече Зеленски во кратката изјава пред почетокот на самитот на НАТО.

Тој потсети дека зајакнувањето на украинската воздушна одбрана било дискутирано за време на самитот на НАТО во Вашингтон минатата година.