Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес објави дека ниту Москва ниту Киев не извршиле напади врз енергетски цели по договорот инициран од Вашингтон дека Русија треба да се воздржи од вакви напади.
„Во сите наши региони, навистина немаше напади врз електрани од четвртокот вечер до петокот“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање, објави Ројтерс.
Тој додаде дека Украина е подготвена да се воздржи од напади на реципрочен начин и дека денес не извршила напади врз руски енергетски објекти.
