Зеленски: Очигледно е дека и Полска била мета на дел од руските дронови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави на платформата X дека сите информации за рускиот напад со беспилотни летала во текот на ноќта се проверуваат. Според него, украинските сили уште вечерта ја информирале полската страна во текот на ноќта за движењето на руските проектили.

Зеленски наведува дека првото поминување на границата помеѓу Украина и Полска е забележан околу 00:50 часот по украинско време, идека најмалку два дрона влегле на територијата на Полска користејќи го белорускиот воздушен простор. Во целиот напад, вели он, десетици дронови се движеле на границата со Украина и белорусија, а преку западните украински региони кон целите во Украина, а како што нагласи, „очигледно и во Полска“.

„Бројни руски дронови кои минаа во Полска и продраа длабоко на нејзина територија може да биде повеќе од порано објавените податоци. Според новите информации, можеби се работи за околу 20 дронови. Тоа го проверуваме“, напиша Зеленски.