Володомир Зеленски денеска зборуваше со главниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски, и рече дека се подготвува одговор за денешните руски напади.
„Денот го започнав со подолг разговор со началникот на Генералштабот Сирски, каде што разговаравме за одбивањето на ракетниот напад и нашиот одговор на Русија. Подготвуваме одговор, како во однос на употребата на Ф-16, така и во врска со операцијата во Курск, продолжуваме со акциите во областите онака како што и е потребно на Украина“, рече Зеленски во своето вечерно видеообраќање, пренесува Укринформ.
