Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека последниот разговор што го имал со американскиот претседател Доналд Трамп бил најдобриот и најпродуктивниот досега.
„Што се однесува до разговорот со претседателот на Соединетите Американски Држави, кој се одржа претходниот ден, тоа беше веројатно најдобриот разговор што го имавме во текот на целиот овој период, најпродуктивниот“, рече Зеленски.
Тој додаде дека со Трамп разговарал за прашања поврзани со воздушната одбрана, вклучително и системот „Патриот“, и му се заблагодарил за американската помош, пренесува „Ројтерс“.
