Украинскиот претседател Зеленски повика на нови санкции против Русија.
Зборувајќи на својот дневен брифинг, Зеленски рече дека континуираната инвазија покажува дека „Русија не се откажала од своите планови против Украина“ – затоа, додава тој, „ни треба нов пакет санкции“, јавува Би-Би-Си.
Зеленски повикува на „бојкот на рускиот извоз, особено на отфрлање на нафтата и нафтените деривати од Русија“.
Тој додава дека овие построги мерки „може да се наречат ембарго, или само морал“.
