Зеленски: Прекин на огнот со Русија е можен во секој момент

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека примирје и прекин на огнот во војната со Русија, која трае повеќе од три години, е можно во секој момент.

Зеленски, кој зборуваше на заедничка прес-конференција во Прага со чешкиот претседател Петр Павел, исто така рече дека Украина се надева дека ќе добие 1,8 милиони парчиња муниција од таа земја.

Станува збор за чешка иницијатива за воена помош за Украина, додава Ројтерс.