Зеленски преку писмо му се извинил на Трамп за расправијата!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку писмо му се извинил на американскиот претседател Доналд Трамп за јавната расправија во Овалната соба.

Ова го тврди специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф.

„Зеленски испрати писмо до претседателот. Тој се извини за инцидентот што се случи во Овалната соба. Мислам дека тоа беше важен чекор и имаше многу разговори меѓу нашите тимови, Украинци и Европејци, кои исто така се релевантни за оваа дискусија“, изјави Виткоф за Фокс Њу.

Американските и украинските претставници треба да се сретнат оваа недела во Саудиска Арабија за да ги обноват мировните преговори за ставање крај на војната со Русија. Виткоф истакна дека го смета писмото со извинување до Трамп за „напредок“.

Во неговото заедничко обраќање до Конгресот, Трамп рече дека добил писмо од Зеленски во обид да ги подобри односите меѓу двете земји. Трамп изрази благодарност за писмото, кое пристигна само неколку дена откако САД ја прекина воената помош за Украина.

На крајот на февруари 2025 година, за време на состанокот во Овалната соба, имаше жестока дискусија меѓу претседателот Трамп и претседателот Зеленски.