Зеленски пристигна на самитот во Брисел: Чувствуваме дека не сме сами, ви благодарам!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на самитот за Украина и одбраната на Европа во Брисел. По пристигнувањето, тој им се заблагодари на лидерите на Европската унија за „силната поддршка“ што и ја дадоа на неговата земја.

„Во текот на овој период, вклучително и минатата недела, бевте со нас“, рече Зеленски по пристигнувањето на самитот во Брисел.

„Ние не сме сами, и тоа не се само зборови, ние тоа го чувствуваме“, додаде тој.

Тој исто така рече дека европските лидери „испратиле силна порака до украинскиот народ, кој тоа го цени“.