Зеленски пристигна во Турција на мировни преговори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Турција во среда на разговори за оживување на мировните напори за ставање крај на војната со Русија, изјави неговиот главен советник, во услови на неизвесност дали ќе присуствува специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф.

– Пристигнавме во Турција како дел од делегација предводена од претседателот Зеленски – напиша на платформата X шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, додавајќи дека е „во постојана комуникација“ со Виткоф, кој сè уште не потврдил дали ќе учествува во преговорите.