Украинскиот претседател Володимир Зеленски попладнево разговараше со германскиот канцелар Фридрих Мерц, како дел од дипломатската офанзива за решавање на загриженоста во врска со неодамна донесениот закон за кој критичарите велат дека ја ослабува независноста на антикорупциските институции, објавува „Гардијан“.
Зеленски во изјава рече дека го информирал германскиот канцелар за своите планови за нов сеопфатен закон за антикорупциските тела и дека ја поканил Германија да се придружи во надгледувањето на процесот на неговото изготвување.
Зеленски објави дека со Мерц разговарал и за најновата ситуација на фронтот и потребата од зголемување на производството на беспилотни летала, како и за патот на Украина кон членство во Европската Унија, за што, како што изјави, Мерц го уверил во „апсолутната поддршка“ на Германија.
